Се сеќавате ли на фудбалерот за кој никој не веруваше дека е тинејџер? Вака изгледа денес!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во 2014 година, Жозеф Минала се најде во центарот на вниманието на италијанската јавност.

Во тоа време, момче на возраст под 18 години се сметаше за измамник поради неговиот изглед. Скоро и да немаше човек кој беше убеден дека сè уште не е тинејџер и имаше сериозни обвинувања дека има дури 41 година.

Сепак, подоцна беше докажано со разни прегледи дека Минала навистина е во годините за кои се верува дека е. Неговиот агент првично објасни дека Жозеф изгледа постаро затоа што животот не го гали, но ниту никој не веруваше во тоа.

View this post on Instagram

Arena ⚽️? #puma #PumaOne @official_sslazio #SerieA

A post shared by MJM⚽️? (@minalajosephmarie) on

Кога тестовите докажаа дека апсолутно сè е во ред со него, приказните се повлекоа. Минала тогаш играше за Лацио, настапи само три пати и често беше на позајмица.

Шест години подоцна, Камерунецот го носи дресот на кинескиот Кингдао Хуангхај. Тој го прослави својот 24-ти роденден пред еден месец и верува дека ќе имал подобра кариера да не биле приказните за неговата возраст.

“Имав можност да потпишам за некои клубови, но тоа не се случи поради сите стории. Имав понуда од ПСЖ, трансферот не се случи. Верувам дека ќе имав поинаква кариера да не беа сите контроверзии”, убеден е Минала.

Камерунецот во моментов е на позајмица во кинескиот тим од Лацио. По враќањето, тој веројатно нема да добие нов договор и ќе мора да бара нова средина бидејќи е обврзан со договорот до летото 2021. година.

Многумина веројатно се прашуваа како изгледа денес. Не се разликува премногу од тоа момче од пред шест години, но очигледно му се допаѓа тоа што е далеку од тоа да зборува за бројот на години.