Сеад Колашинац го напушта Арсенал и се враќа во Бундеслигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интернационалецот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац (27) по три години го напушта Арсенал и ја продолжува кариерата во редовите на Баер Леверкузен.

Како што беше најавено претходните денови, Баер успешно го заврши трансферот на 27-годишниот лев бек и Колашинац наскоро ќе биде претставен како нов играч на Аптекарите.

Арсенал на овој трансфер ќе заработи минимум 11 милиони евра, а постои можност трансферот да биде уште поголем доколку се исполнат одредени бонуси во договорот.

Така, Сеад ќе се врати во Германија, што беше негова желба откако стана татко, а Баер значително ја засили левата страна на теренот.

Колашинац стана член на Арсенал во 2017 година. Тој пристигна како слободен агент од Шалке и одигра 107 натпревари за „топџиите“ и постигна пет погодоци.