Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите Ф1 тимови кои не користат мотори на Ферари ѝ се заканија на ФИА поради договорот на организацијата со Скудерија Ферари.
По направената истрага за легалноста на минатогодишниот мотор на Ферари, ФИА постигна таен договор со Ферари, а тоа изненади седум тимови.
Мекларен, Мерцедес, Рејсинг Поинт, Рено, Алфа Таури и Вилијамс ја побараа вистината, па се заканија и дека ќе поднесат постапка против Ферари и ФИА.
„Изненадени сме од објавата на ФИА во петокот, 28 февруари која е поврзана со заклучокот за истрагата на моторот на Скудерија Ферари. Јавно даваме до знаење дека ќе ја истражиме во целост оваа тема за да се обезбедиме дека нашиот спорт се негува како што треба“, порачаа екипите во соопштение.