Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најверојатно нема да има „Ел Класико“ на 26. октомври. Ниту лигата, ниту фудбалскиот сојуз не сакаат да се игра на моменталните услови и високи тензии поради затворската пресуда за каталонските протестанти, а Реал и Барселона категорички одбија да си ги заменат домаќинствата.
Па, сигурно е дека нема да се игра на 26. октомври на „Камп Ноу“, владата на Шпанија смета дека тоа би се претворило во демонстрации кои немаат никаква поврзаност со фудбалот.
Терминот за натпреварот можно е да биде на 18. декември, Реал се согласува но тимот на Барселона сеуште се двоуми, тие сакаат да играат кога е предвидено, се жалат дека не им оди од рака доколку го одложат натпреварот, но не можат да сторат ништо.
Штрајковите во градот Барселона, ќе ги оневозможат и навивачите да стигнат до „Камп Ноу“, тој натпревар би бил од голем ризик, а конечната одлука ќе биде донесена во понеделник.
До тогаш клубовите имаат право на приговор а после тоа комисијата за натпреварување, односно трите членови на таа комисија, ќе ја донесат конечната одлука.