Сејдини: Инфантино ни вети поддршка од ФИФА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини имаше средба со првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино.

Сејдини кажа дека македонската федерација ќе добие поддршка од ФИФА, како што му ветил Инфантино на средбата.

„Инфантино секогаш дава поддршка за федерации како ФФМ. Одличните односи и соработката ќе ја продолжиме и во иднина, а во прв план ни се унапредувањата на фудбалот и инфраструктурата. Инфантино ни вети поддршка од ФИФА во овој дел“, кажа Сејдини.