Секаде паузираат, само во Белорусија се игра фудбал: Претседател предложи трактор-терапија за корона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Белорусија се игра фудбал и понатаму, а минатиот викенд почна новото првенство и второто колоќе се игра без проблем на почетокот на април.

Белорусите не ги интересира пандемијата на вирусот, кој ги прекина речиси сите спортски случувања ширум светот.

Тоа го објасни и поранешниот фудбалер на Арсенал, Александар Хлеб.

„Овде на никого не му е гајле, тоа е неверојатно. Можеби претседателот чека да види што ќе се случи, па ќе го запреме и тука првенството. Улиците и рестораните се полни. Сите знаат што се случи во Италија и Шпанија. Не изгледа добро, но ние тренираме нормално. Тешко е да се објасни зошто сите лиги се откажани, но ние немаме проблем. Зошто? Не знам. Претседателот Александар Лукашенко предложи ‘трактор терапија’. Луѓето ќе работат со трактори и никој не зборува за вирусот…“, вели Хлеб.