Селекторот на Данска: Кјаер беше потресен, Ериксен му е голем пријател!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вториот ден од Европското првенство (ЕП) мина во сенка на борбата за живот на Кристијан Ериксен, кој сепак успеа да ја добие најважната битка.

Цел фудбалски свет беше парализиран во моментот додека медицинската екипа се бореше Ериксен да преживее.

А важна интервенција имаше и капитенот на селекцијата, Симон Кјаер, кој успеа да му го извлече јазикот на онесвестениот Ериксен.

Кјаер како вистински капитен и лидер на тимот беше со медицинскиот тим и потоа ги организираше соиграчите во „жив ѕид“ кои го бранеа фудбалерот од камерите.

На прашањето на новинарите зошто Кјаер рано го напуштил мечот против Финска, селекторот Каспер Хјумланд даде одговор.

„Кјаер беше премногу потресен за да игра и го напушти теренот. Тоа што се случуваше го потресе затоа што тој и Кристијан се големи пријатели“, вели Хјумланд.