Селекторот на Португалија збесна поради циркусот на ЕП (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберто Мартинез не беше среќен поради лошата реакција на обезбедувањето кога навивачи втрчаа на теренот по мечот меѓу Португалија и Турција на Европското првенство (ЕП).

Дури четири навивачи втрчаа на теренот за да се фотографираат со Кристијано Роналдо, а Мартинез смета дека Португалецот имал голема среќа што не бил повреден.

„За тоа мора да се загрижи организаторот. Имавме среќа што намерите на навивачите беа да се фотографираат. Но мора да разберете дека има некои со лоши намери, играчот би можел да се соочи со голем проблем и мора да бидеме внимателни. Роналдо имаше среќа што не го повредија“, кажа Мартинез.