Селекторот на Шкотска го понижи Мегваер, па следеше реакција од Саутгејт (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англија славеше против Шкотска во пријателски натпревар, кој ќе остане запаметен по автоголот на Хари Мегваер, кој повторно е мета на критичарите.

Дефанзивецот си даде автогол и потоа доби критики, но и понижувања преку социјалните мрежи.

Новинарот го праша Стив Кларк дали би сакал дефанзивец како Мегваер во неговата репрезентација, по што доби краток одговор.

„Не, дефинитивно не“, кажа Кларк.

По сите напади кон Мегваер, се јави и селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

„Оставете го Мегваер на мир, поради идиоти и нивните критики се случува ова“, кажа Саутгејт.