Семејството Ѓоковиќ донира пари за лекување деца во Ниш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот пејач Никола Роквиќ тргна пеш од Белград до Егина во Грција за да собере пари за детската онкологија во Ниш, а семејството Ѓоковиќ реши да помогне со голема донација.

Роквиќ завчера соопшти дека се собрани 200.000 евра, а голем дел од сумата донирал тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.

„Сакам јавно да се заблагодарам на семејството Ѓоковиќ. Јело, поздрави го Ноле, да сте живи, Господ да ве благослови“, порача Роквиќ.