Семејството Шумахер доби отштета од 200.000 евра од германски медиум


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Семејството на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер доби парична отштета од 200.000 евра од германски медиум кој објави лажно интервју со поранешниот возач во Формула 1.

„Скај“ објави дека семејството ќе добие отштета откако судот во Минхен го прогласи магазинот „Актуел“ за виновен во случајот.

Интервјуто беше направено со помош на вештачка интелигенција и тоа беше наведено во „интервјуто“, но тоа не го спаси медиумот од казна.