Сензација: Динамо Загреб го елиминираше Тотенхем! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англискиот гигант допатува во Загреб со навидум сигурна предност од 2:0 во првиот натпревар. Но во тимот на нашите Адеми и Ристовски не мислеа така.

Првите 45 минути завршија без голови 0:0, а во второто Динамо успеа да постигне два гола и да ја анулира победата на Тотенхем од првиот натпревар. Херој за хрватскиот тим беше Орсиќ кој ги постигна двата гола. Прво во 62. минута со еден мајсторски удар постигна убав гол со кој го отвори резултатот. Студениот туш за Мурињо дојде во 83. минута.

Своето шоу Орсиќ го продолжи и во продолженија. Во 106. минута после една соло акција упати удар и го постигна својот трет гол на натпреварот. Дефинитивно неговата цена по овој натпревар нема да биде иста, а Мурињо сигурно ќе има што да им каже на своите играчи кои успеаа да прокоцкаат голема предност.

Ристовски на теренот беше до 90. минута кога го замени Стојановиќ, додека Адемиoстана и во продолженијата се до 118. минута кога Периќ влезе на негово место.