Сензација: Столе Димитриевски се сели во Барселона!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека каталонскиот гигант Барселона е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој сезонава брани одлично во дресот на Рајо Валјекано.

Димитриевски стана еден од најдобрите голмани во Ла Лига сезонава, па интересот од Барселона е повеќе од јасен.

Каталонците сакаат да го продадат Нето, а негова замена во тимот треба да биде токму Димитриевски.

Прв голман на Барселона се очекува да остане Марк-Андре Тер Штеген, но Чави не е задоволен од Нето затоа што не му е доволно добра конкуренција, па смета дека Димитриевски е подобар избор.

Димитриевски досега има најголем процент на одбранети удари, и тоа 80,6 отсто, додека Тер Штеген има 56,8 отсто.