Серафимов избран во идеалниот тим на 26. коло во Унгарија (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Никола Серафимов игра одлично во дресот на Залаегерзег во Унгарија и повторно беше избран во тимот на колото.

Порталот „ЦСКАфоци.ху“ го избра Серафимов во идеалниот тим на 26. коло во унгарскиот шампионат, откако неговата екипа одигра 0-0 против Дебрецин.

Младиот дефанзивец сезонава одигра 25 меча за тимот и постигна четири голови.