Серафимов: Унгарската лига е четири пати подобра од македонската!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов го засили МОЛ Фехервар летово од Залаегерсег за 400.000 евра и направи чекор напред во кариерата.

Серафимов се очекува да блесне во дресот на МОЛ Фехервар, каде што претходно за екипата настапуваа и македонските фудбалер Бобан Николов и Висар Муслиу.

„Унгарскиот шампионат е четири пати подобар од македонското првенство. Од стадиони, тренинг-центри, услови и сè останато е подобро. Дури и интересот во медиумите е поголем“, кажа Серафимов.

Македонскиот фудбалер минатата сезона беше избран во тимот на сезоната во унгарската лига благодарение на одличните настапи.