Серена Вилијамс без борба се повлече од Ролан Гарос!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Една од најдобрите тенисерки во историјата, Серена Вилијамс се повлече од Ролан Гарос, а информацијата ја потврдија организаторите на гренслем-турнирот во Париз.

Вилијамс го предаде мечот од второто коло на Ролан Гарос против бугарската тенисерка Цветана Пиронкова, и тоа без борба.

Според првите информации, Американката се повлекла од турнирот во Париз поради повреда на Ахиловата тетива, која беше посилна од нејзината желба да се бори за трофејот.