Серена Вилијамс ја освои првата титула откако стана мајка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Серена Вилијамс во Оукленд стигна до првата титула по три години, т.е. првиот трофеј откако стана мајка.

Американската тенисерка во финалето ја победи својата сонародничка Џеси Пегула со 6-3 и 6-4, па така ја освои 73. титула во карирата.

По побеата кажа дека парите од турнирот ќе го донира како помош за жртвите од огромните пожари, кои владеат во Австралија.

„Играм многу долго и среќна сум што го правам тоа што го сакам. Се чувствувам среќно и благодарно на тоа што сум тука“, кажа Вилијамс.

Оваа 38-годишна тенисерка на АТП турнејата настапуваше во четири различни децении, а првиот трофеј го освои во 1999 година.

Австралијан Опен почнува на 20 јануари, а искусната Американка ќе се обиде да ја освои својата 24. грен-слем титула.