Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Американската тенисерка Серена Вилијамс, која е една од најдобрите во историјата, реши да му каже збогум на тенисот и да ја заврши кариерата.
Вилијамс, сепак, нема тоа да го направи веднаш, туку се надева на настап на Ју-Ес опен, по кој ќе замине во пензија во голем стил.
Американката ја соопшти одлуката преку насловна страна на магазинот „Вог“, каде што објави нејзина фотографија и напиша „Збогувањето на Серена“.
„Доаѓа момент во животот кога решаваме дека мора да тргнеме во поинаков правец. Тоа време е секогаш тешко кога сакаш нешто многу. Меѓутоа, морам да се фокусирам на тоа да бидам мајка, на духовните цели и конечно да откријам поинаква и возбудлива Серена“, напиша тенисерката.