Серена Вилијамс се премисли: Не сум во пензија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американската тенисерка Серена Вилијамс, која има освоено 23 гренслем-титули, најави враќање во светот на тенисот, иако по Ју-Ес опен кажа дека се пензионира.

Вилијамс доби овации од фановите по поразот од Ајла Томљановиќ, но сега сите ги изненади кога кажа дека тоа не е крајот.

„Не сум се пензионирала. Шансата за враќање е голема. Може да дојдете кај мене дома, имам терен на кој тренирам секој ден“, вели Вилијамс.

Американката вели дека никогаш не зборувала за пензија, туку за транзиција.

„Мислев на транзиција, односно еволуција, а не пензија. Се одалечив од тенисот за да се посветам на други работи кои ми се важни“, кажа таа.