Серхио Рамос ги коментираше вчерашните доделувања на награди, на Меси тоа нема да му се допадне


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сергио Рамос во понеделникот беше во Милано на церемонијата за доделување на наградите за најдобри играчи во светот, но не пати од признанија.

Рамос беше избран во најдобриот тим според изборот на ФИФА, а за најдобар играч на светот е прогласен Лионел Меси.

„Подобро би било да не доаѓам тука иако Реал Мадрид освојува титули“, рече Рамос и додаде:

„Да сакав да освојувам поединечни титули, тогаш ќе се посветев на тенисот. За мене најважно е мојот тим да победува, тогаш и ние поединците победуваме“.

Неговиот соиграч Марсело се најде во идеалниот тим на ФИФА, но многумина сметаат дека не заслужил.

„Тој е еден од најдобрите на светот, а сите можат слободно да коментираат. Многу е тешко на секој човек да му се погоди.“, заклучи Рамос.