Серхио Рамос урна рекорд на „Ел Класико“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос вечерва заигра во едно од најголемите дербиња во светот, „Ел Класико“.

Рамос вечерва е во првиот тим на Реал на гостувањето кај Барселона што значи дека тоа му е 43. настап во големото дерби.

Со тоа го урна рекордот по број на одиграни дербиња меѓу Реал и Барселона. Во исто време, го следи и Лионел Меси, кој вечерва го запиша 42. настап.

Со оглед на тоа дека двајцата играат во одлична форма, се очекува да ја преминат бројката од 50 одиграни натпревари.

Средбата меѓу Барселона и Реал Мадрид почна од 20 часот на „Камп Ноу“ и на полувреме резултатот беше 0-0.