Серија А е следната дестинација на Мустафи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Валенсија, Шкодран Мустафи ова лето би можел да ја напушти Примера.

Мустафи одигра фантастично минатата сезона и беше повикан од селекторот на Германија, Јоаким Лев за ЕП.

После завршувањето на ЕП во Франција, Шкодран би можел да се пресели во Серија А бидејќи за него заинтересиран е Јувентус.

Ова ќе биде враќање на Мустафи бидејќи претходно играше три сезони во Сампдорија.

Засега не е познато колку Јуве ќе и понуди на Валенсија, но се мисли дека понудата нема да биде под 20 милиони евра.