Сестрата на Роналдо го цитираше Мурињо и испрати порака до Тен Хаг!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг има проблеми со најголемата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо, кој беше исфрлен од екипата за дербито против Челси (1-1).

Роналдо не добива голема минутажа кај тренерот Тен Хаг, па поради тоа одби да влезе во завршницата од дуелот против Тотенхем.

Ова предизвика реакција од Тен Хаг и следеше казна за Роналдо, а неговата сестра веднаш реагираше на социјалните мрежи и испрати порака до стратегот на „ѓаволите“.

Сестрата на Роналдо, Катја Авеиро објави стих од Библијата, а потоа го цитираше тренерот на Рома, Жозе Мурињо.

„Ако не можете да ги тренирате најголемите ѕвезди, тогаш не може да тренирате никого“, напиша сестрата на Роналдо.