Сеуште ништо не сме освоиле, а Германците се најдобри во светот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Франција, Дидие Дешам имаше многу причини за задоволство после четвртфиналната победа против Исланд.
Убедливата победа од 5:2 и најдобриот настап во досегашниот тек од турнирот му даваат причина за отпимизам на Дешамп пред полуфиналето во кое Франција ќе игра против моќната Германија.

Има многу позитивни работи кои ги забележав во овој натпревар, но не беше се баш перфектно. Мило ми е поради нашите играчи и навивачи. Со месеци наназад имавме огромна поддршка”- изјави Дешам.

Французите сега имаат три дена за одмор и добро да се подгвотат за полуфиналниот натпревар со Германците. Тоа ќе биде реприза на четвртфиналето на Мундијалот од пред две години.

“Германија без дилеми е најдобра во светот, иако Италијаните успеаа да ни откријат и покажат некои нивни слабости. Морам само да ги потсетам навивачите дека нема место за еуфорија. Знам дека тие во овие моменти се многу среќни, но важно е да знаат дека сеуште ништо не сме освоиле”– истакна Дешам.

Во второто полуфинале на ЕП играат репрезентациите на Португалија и Велс.