Севилја по маратон и пенал-драма до титула во Лига Европа (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Севилја ја освои Лига Европа по седми пат во историјата, откако славеше по изведување на пенали против Рома со 4-1.

Првото полувреме го одбележа голот на Пауло Дибала во 35. минута на асистенција на Манчини, кој потоа си даде автогол за 1-1.

Во продолжение од средбата немаше голови, а во пенал-рулетот Севилја погоди четири пенали, додека Манчини и Ибањез беа трагичари за екипата од Рим.