Севилја за осум дена игра во Лига Европа, а фудбалер им се зарази со ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Севилја објави дека еден нивни фудбалер е позитивен на опасниот вирус, поради што ќе бидат прекинати групните тренинзи на екипата.

Клубот од Андалузија смирува и порача дека фудбалерот е во добра здравствена состојба и не чувствува никакви симптоми.

„По редовното тестирање на сите фудбалери, тренери и клупски персонал, откривме дека еден фудбалер од првот тим е позитивен на ковид-19. Заразеното лице не чувствува никакви симптоми, има одлично здравје и се наоѓа во самоизолација“, соопштија од клубот.