Шах-мат за Еспањол: Реал Мадрид го прегази гостинот од Каталонија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ја потврди доминацијата во Ла Лига, откако вечерва славеше со 4-0 против Еспањол и тоа им беше петти триумф по ред.

Родриго го отвори резултатот во 33. минута, а потоа се запиша уште еднаш во листата на стрелци до крајот на првото полувреме за 2-0.

Марко Асенсио во вториот дел ја затресе мрежата на гостите за 3-0, додека Иско остана без погодок, откако ВАР-технологијата му го поништи, а конечните 4-0 ги постави Карим Бензема.

Реал Мадрид веќе ја има обезбедено титулата и се наоѓа на врвот со 81 бод, додека зад него се Севиља со 64, Барселона со 63 и Атлетико Мадрид со 61 бод.