Шаќири на лето може да го напушти Ливерпул?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул е спремен да го продаде својот крилен напаѓач Џердан Шаќири.

Шаќири во Ливерпул има улога на резерва по потреба да го растерети Мохамед Салах или некој од првата постава. Црвените се спремни да го пуштат, но не овој месец, пишува новинарот Џејмс Пирс.

По неговите зборови, Ливерпул ќе го продаде Шаќири на лето за сума од 30 милиони евра за поранешниот играч на Стоук.

Овој месец за играчот интерес покажуваат Рома и Севиља, но нивните предлози се одбиени и играчот барем до лето ќе биде на Енфилд.

Јасно е дека Јирген Клоп нема да се коцка, има многу натпревари, а му треба голема клупа до крајот на сезоната, а Шаќири е некој кој може да има свој допринос од втор план.