Шампионот на Албанија дефинитивно е исфрлен од квалификациите за Лигата на шампионите


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Судот за спортска арбитража во Лозана (КАС) потврди дека албанскиот Скендербег е исфрлен од квалификациите за ЛШ поради местење на натпревар.

Судот така ја потврди пресудата на УЕФА која шампионот на Албанија го суспендира од Европските натпреварувања во сезоната 2016/17.

Скендербег својот натпревар во квалификациите требаше да го одигра против унгарски Ференцварош меѓу 12 и 20 јули.

Клубот порано наведе дека истрагата е започната на основа на информација добиена од обложувалница, навивачи и медиуми, а самиот клуб ги демантираше обвинувањата и истакна дека одлуката на УЕФА е неправедна.