Шеици за осум милијарди евра сакаат да го купат Манчестер јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инвеститори од Катар планираат да испратат понуда за англискиот гигант Манчестер јунајтед, кој е во сопственост на семејството Глејзер.

Глејзер бара шест милијарди евра за да го продаде премиерлигашот, а шеиците од Катар нудат осум милијарди евра, односно шест за откуп на тимот и уште две за ремонт на „Олд Трафорд“ и создавање моќен тим.

Интерес за гигантот од Манчестер покажа и британскиот бизнисмен Џим Ретклиф, кој планира да достави идентична понуда за да го добие клубот.

Ова е идеална шанса за семејството Глејзер да ги добие посакуваните пари, но и да го остави тимот во добри раце.