Шекил го избра најлошиот кошаркар во НБА-лигата


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Поранешниот американски кошаркар Шекил О’Нил на гости во една јутјуб емисија го избра најлошиот кошаркар во НБА-лигата.

Шекил го посочи Руди Гобер како најлош кошаркар во историјата на најсилната кошаркарска лига.

„Најлош во историјата? Руди Гобер. Кога потпишуваш договор од 250 милиони долари, треба да покажеш дека вредиш толку. Има причина поради која се потсмевам со него и не го почитувам“, кажа Шекил.