„Шест од шест“ за Реал Мадрид: „Кралевите“ со пресврт го расплакаа Унион Берлин (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше во шестото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) против Унион Берлин со 3-2.

Модриќ промаши пенал во 45. минута, а веднаш потоа стигна казната кога Воланд погоди за водство од 1-0 на домаќините.

Хоселу запиша два гола во вториот дел за пресврт до 72. минута, а Унион Берлин преку Крал се врати во игра (2-2).

Себалјос, сепак, ги расплака домаќините, откако во финишот од средбата стрелаше за триумф од 3-2 на „кралевите“.

Останати резултати:

Наполи – Брага 2-0
Салцбург – Бенфика 1-3
Манчестер јунајтед – Баерн Минхен 0-1
Копенхаген – Галатасарај 1-0