Ширер и Анри станаа првите фудбалери кои влегоа во „Куќата на славните“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алан Ширер и Тјери Анри станаа првите фудбалери кои беа примени во „Куќата на славните“ на Премиерлигата.

„Куќата на славните“ е место кое го добиваат фудбалерите од Премиерлигата, кои играле во неа по нејзиното создавање во 1992 година, а за да можат да бидат номинирани, фудбалерите мораат да бидат пензионирани пред 1 август 2020 година.

Ширер, поранешниот фудбалер на Блекбурн и Њукасл и понатаму го држи рекордот во Премиерлигата по број на постигнати голови, односно 260 на 441 меч, додека место во „Куќата на славните“ ќе му прави и Анри, кој мина долги години во дресот на Арсенал и притоа освои две титули во Премиерлигата.