Шкендија на колена: Силекс го освои Купот на Македонија


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Силекс триумфираа против Шкендија со 1-0 во финалето на Купот на Македонија.

Единствениот гол на мечот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје беше постигнат во 71. минута кога Алиќ ја затресе мрежата на Гаје.

Шкендија се обидуваше да дојде до израмнување, но Силекс успеа да ја зачува својата мрежа и да го освои пехарот.

Силекс со оваа победа ја дополни својата колекција, односно го освои четвртиот трофеј во Купот.