Шкендија го избрка, а Шкупи си го собра: Османи се пресели во Чаир!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкендија неодамна му даде отказ на Ќатип Османи, но стратегот не чекаше долго за нов ангажман, откако Шкупи денеска потврди дека потпишала договор со него.

Османи минатата сезона му донесе трофеј на тимот од Тетово во македонската Прва лига, но по лошиот старт на сезоната, Шкендија му го раскина договорот, па сега тој ќе го предводи клубот од Чаир.

Шкупи потпиша двегодишен договор со Османи, кој ќе трае до 2021 година, а првиот предизвик тренерот ќе го има во среда, кога тимот од Чаир гостува кај Силекс во македонскиот Куп.

Да потсетиме, Шкупи претходно го отпушти турскиот тренер Булент Акин по само два меча.

ФОТО: Шкупи