Шкендија со пет гола му ја наполни мрежата на Вардар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонските екипи Вардар и Шендија денеска го одиграа дербито на колото во кое екипата од Тетово запиша убедлива победа.

Почетокот на мечот не најавуваше убедлив триумф на гостите од Тетово. Попзлатанов го доведе Вардар во водство во 12. минута до водство, меѓутоа Рамадани со евроогол ја врати Шкендија во водство само две минути подоцна.

Следуваше период во кој гледавме добар фудбал, но погодоци немаше се до финишот од првиот дел. Тогаш Ахмеди го совлада Илиќ за 1:2.

Вардар се држеше се додека не прими и трет гол кога погоди Ибраими. По тој гол домаќините целосно се распаднаа и Шкендија доминираше.

Домицинацијата на Шкендија донесе уште два гола во мрежата на Илиќ, погодуваа Тотре и уште еднаш Ахмеди.