Шкупи доби парична казна од УЕФА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски шампион Шкупи доби казна од 42.000 евра поради однесување на навивачите на првиот меч против Левски Софија.

Иста казна доби и Левски, но Шкупи се огради од навивачите и ги нападна за нивното однесување, затоа што така му штетат на тимот.

„Ги молиме надлежните институции да ги истражат овие настани. Од утре ќе поднесеме кривична пријава до обвинителството и полицијата затоа што ова не е ништо друго од навивачите, туку обично предавство“, велат од тимот.