Шмајхел ги „закопа“ Англичаните и ги налути сите на Островот 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англија во второто полуфинале на Европското првенство (ЕП) ќе игра против Данска, а избраниците на „Гордиот Албион“ ќе бидат фаворити во оваа пресметка.

Пред мечот за медиумите зборуваше голманот на Данска, Каспер Шмајхел, кој ги „спушти“ англиските новинари пред дуелот.

Англичаните често споменуваат фаза за враќање на фудбалот дома, а при тоа мислат за трофејот дека треба да се врати таму каде што фудбалот почнал.

Еден англиски новинар сакаше да го испровоцира данскиот голман, но Шмајхел знаеше како да му одговори.

„Зар некогаш бил дома? Не знам, сте го освоиле ли?“, праша Шмајхел.