Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иван Љубичиќ, поранешен хрватски тенисер и поранешен тренер на Роџер Федерер, го изнесе своето мислење за тениската иднина на Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има 37 години, а неговите најголеми ривали Федерер, Марер и Надал се веќе минато.
– Искрено, не знам колку ќе игра Новак уште, а мислам дека ни тој самиот не го знае тоа. Мислам дека тој и не размислува за Завршниот мастерс во Торино. Неговиот фокус е да се што подобро подготви за 2025 година и Австралијан опен – рече Љубичиќ.
Љубичиќ е сигурен, сепак, во една работа.
– По моето мислење, него не го интересираат ниту помалите турнири, ниту местото на АТП листата. Мислам дека тој веќе ниту физички ниту психички не е подготвен за тоа. Меѓутоа, на сите во Шангај им покажа дека кога сака, и понатаму може да биде меѓу најдобрите – рече Љубичиќ.