Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Додека Лионел Меси ги води актуелните светски шампиони кон одбрана на титулата, рушејќи рекорди пред полуфиналниот дуел на Светското првенство со Англија, малкумина размислуваат за еден неверојатен податок. Доколку неговата кариера започнала во денешно време, осумкратниот освојувач на Златната топка можеби никогаш не би ја облекол дресот на Аргентина, која му донесе глобална слава.
Како што пренесува порталот “Sport Bible”, Фудбалскиот сојуз на Аргентина на почетокот на годината донесе строга уредба со цел да ги заштити домашните тимови од прераното заминување на таленти во Европа. Имено, младите фудбалери кои одлучуваат да заминат од земјата пред да го потпишат првиот професионален договор во домовината, отсега нема да добиваат повик за националните селекции.
Токму ова правило ќе го пресекло репрезентативниот пат на Меси пред три децении, имајќи предвид дека тој како тринаесетгодишник го напушти Њуелс Олд Бојз за да се пресели во Барселонината позната академија “Ла Масија”.
















