Шок: Роман Абрамович го напушти Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рускиот тајкун Роман Абрамович го напушти Челси, откако беше протеран од Велика Британија поради конфликтот меѓу Русија и Украина.

Абрамович својата одлука ја соопшти преку социјалните мрежи, а кажа дека за иднината на премиерлигашот ќе се грижи хуманитарната организација на Челси.

„Во текот на 20-годишното водење на Челси, секогаш сметав дека мојата улога е да бидам чувар на клубот, мојата работа е да овозможам успешни настапи на клубот и да поставиме основи за иднината. Секогаш носев одлуки во интерес на клубот. Останувам приврзан за екипата, па затоа ја оставам екипата во рацете на хуманитарната организација која ќе се грижи за Челси. Верувам дека тие се во најдобра позиција за да се грижат за интересите на тимот и навивачите“, соопшти Абрамович.

Русинот го купи премиерлигашот во 2003 година, а од тогаш му помогна да освои многу титули и да ангажира големи ѕвезди.