Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми објавија дека преговорите помеѓу Рома и Интер околу Един Џеко се во добар тек и се очекува дека босанскиот напаѓач ќе потпише за клубот од Милано.
Медимите на Апенините вчера објавија дека Интер понудил повеќе пари за Џеко и дека овој трансфер ќе се реализира штом Интер се вратат од Кина.
Но, КалчоМеркато утринава објави дека Џеко не е единствениот фудбалер кој е на мета на Интер. Имено, клубот од Меаца ги искористил преговорите да се „распраша“ за Александар Коларов.
Антонио Конте покажа интерес да го доведе Коларов во Интер со цел да ја засили конкуренцијата на позицијата лев бек, бидејчи на таа страна моментално го има само Асамоа.
Овој, 34 годишен лев бек има договор со Рома до крајот на оваа сезона и сигурно дека римскиот клуб ќе проба ова лето да заработи барем нешто на него, со цел Коларов наредното лето да не замине како слободен играч. Но, сеуште не е познато колку Интер би можел да понуди за него.