Шпанците тврдат: Барселона спремила астрономска понуда за Мбапе!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанската телевизија „Ел Чирингуито“ прнесува дека Барселона спремила неверојатна понуда за Килијан Мбапе.

Цело лето Барселона се обидуваше да го доведе Нејмар кој на крајот остана во ПСЖ каде што игра од пред две години кога пристигна за сума од 222 милиони евра токму од редовите на Барселона.

Долго време траеше сагата, Нејмар и покажа дека сака да се врати во Каталонија. Сепак, на крајот клубовите не успеаа да пронајдат договор според кој Бразилецот би се вратил во поранешниот клуб.

Поради таквата ситуација Шпанците сега најавуваат дека Барселона се свртила кон Мбапе и за него наводно се спремни да понудат 120 милиони евра, плус Антоан Гризман и Осман Дембеле. Ќе потсетиме, за да ги доведат Гризман и Демебеле луѓето во Барселона платија повеќе од 200 милиони евра.

Договорот на Мбапе со ПСЖ има важност до 2022 година и подолго време се поврзува со Реал. Зидан за него неодамна зборуваше дека Мбапе е фудбалер по негов вкус.