Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалскиот тренер Жозе Мурињо повторно е главна тема на шпанските медиуми, а се повеќе извори тврдат дека неговото враќање на клупата на Реал Мадрид е практично сигурна работа.
По бурната сезона без трофеи и бројните проблеми во соблекувалната, Флорентино Перез наводно одлучил да направи потег за да врати стабилност и авторитет во тимот. Изборот, според пишувањата на шпанските медиуми, паднал токму на Мурињо.
Португалецот така би се вратил на Сантијаго Бернабеу по повеќе од десет години, каде што веќе работеше од 2010 до 2013 година.
Во Мадрид веруваат дека токму Мурињо е тренерот кој може да ја смири напнатата атмосфера во соблекувалната и повторно да наметне дисциплина меѓу ѕвездите на Реал. Последните недели во клубот се зборува за конфликти меѓу играчите, поделби и незадоволство во тимот.
Наводно, по неговото доаѓање, Мурињо би добил голема слобода во создавањето на тимот и значително влијание врз летниот трансфер период. Се очекуваат и сериозни промени во соблекувалната, а некои играчи можеби ќе го напуштат клубот веќе ова лето.
















