Шпанија останува без Нико Вилијамс за преостанатите два меча во оваа пауза од Лигата на нации. Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао го напушти кампот на репрезентацијата поради проблем со левата бутина, пренесуваат TopSport и Goal.
Вилијамс во вторникот го постигна последниот гол во победата 4-1 над Хрватска во Севилја, откако влезе од клупа во 68-та минута. По натпреварот почувствувал непријатност во левата бутина. Шпанскиот фудбалски сојуз соопшти дека состојбата била следена за време на денот за одмор, а поради трајна непријатност тој не тренирал во четвртокот. По медицинските прегледи е одлучено да се врати во Билбао и да ја продолжи рехабилитацијата под надзор на клупските лекари.
Според Goal, за Вилијамс нема да има замена во списокот. Шпанија во сабота навечер ја пречекува Чешка во Овиедо, а потоа во вторник гостува кај Хрватска во Сплит.
















