Шпанија постави нов рекорд на европските првенства во ракомет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометната репрезентација на Шпанија е нов рекордер по бројот на победи во низа на европските првенства.

Победата над Чешка (31:25) во првиот натпревар од втората фаза на Шпанија е седма по ред.

Шпанците се актуелни шампиони на Европа. Во 2018. година во завршницата ја победија Германија, Франција и во финалето Шведска со резултат 29:23.

Серијата на победи е продолжена во 2020. година. Во првата групна фаза паднаа Летонија, Германија и Холандија, а вчера и Чешка.

Нареден противник на Шпанија ќе биде еден од домаќините на турнирот, репрезентацијата на Австрија. Тој меч се игра утре.