Шпанска екипа се засили со репрезентативецот Стојан Ѓуроски!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Стојан Ѓуроски најде нов ангажман за следната сезона, па ќе го носи дресот на Аликанте, каде што треба да остане една година.

Ѓуроски се враќа во Шпанија, каде што претходно го носеше дресот на Хуеска и Мелилја, кои настапуваат во Втората лига.

Кошаркарот помина четири години во Луизијана во НЦАА-лигата, а настапуваше и за Левски, Евре, како и македонските екипи Работнички, МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Кожув.

„Тој е одличен кошаркар, кој знае да направи вистинска одлука во одреден момент. Ние знаеме дека ќе се прилагоди на нашиот брз стил на игра. Тој е голем натпреварувач, па сигурно ќе ни помогне во остварување на нашите амбиции“, кажа тренерот Педро Риверо.