Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шпанската полиција официјално поднесе пријава против сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакапулос. Јанакапулос за време на вториот натпревар од плејофот помеѓу Валенсија и Панатинаикос (105:107) приоѓал до записничката маса и извикнувал на судиите.
Полицајците го идентификувале Јанакапулос и останатите членови на персоналот на клубот за да ги известат за истрагата и пријавата. Во меѓувреме се огласи и Валенсија.
“Клубот ќе поднесе формална жалба до натпреварувањето и се надева дека Евролигата строго ќе го казни овој вид однесување што ја нарушува добрата слика на нашиот спорт, особено имајќи предвид дека тој е повеќекратен прекршител”.
.☘️ Ο Δημήτρης Γιαννακόπουλος πήγε να διαμαρτυρηθεί στη γραμματεία, μερικά δευτερόλεπτα πριν από το επικό φινάλε του Βαλένθια – Παναθηναϊκός AKTOR. pic.twitter.com/k5Vnzb9fgk
— SPORT24 (@sport24) April 30, 2026












