Шпански „АС“: Ковид-19 има огромно влијание на трансферот на Мбапе во Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе нема да го напушти францускиот гигант уште една сезона најмалку. Французинот сака да потпише за Реал Мадрид, но пандемијата на коронавирусот го спречи трансферот.

Се очекува младиот напаѓач уште една година да остане во дресот на „светците“, односно додека ситуацијата во светот не се стабилизира.

„Кралевите“ не сакаат да се откажат од ангажирање на Мбапе и следното лето повторно ќе се обидат да го добијат талентираниот напаѓач.

Мбапе има договор со ПСЖ до 2022 година, но не сака да го продолжи и тоа им создава големи главоболки, па последната шанса за да го продадат ќе ја имаат следното лето.