Шпански „АС“: Рамос е подобар од Иниеста, Бускетс и Пујол заедно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол на првиот меч по рестартот на шпанската Ла Лига, откако успеа да ја затресе мрежата на Еибар, а тоа беше негов 92 погодок за клубот, повеќе од Иниеста (57), Бускетс (15) и Пујол (19) заедно.

Рамос продолжи со одличните настапи за „кралевите“ и покажа дека уште може да го носи дресот на шпанскиот гигант, иако во претходниот период се шпекулираше дека би можел да замине од тимот.

Исто така, тоа беше негов осми гол сезонава, што го прави втор најдобар стрелец на тимот веднаш зад Карим Бензема, кој има 19 постигнати голови.